Македонскиот интернационалец Ељиф Елмас го постигна првиот погодок во дресот на Наполи. Тој учествуваше во победата на тимот на Џенаро Гатузo во Сампдорија.
20-годишникот се најде на вистинското место на подалечната статива и успешно реализира во 16. минута од натпреварот. По натпреварот офанзивецот го презеде официјалниот Инстаграм профил на „наполитанците“, за да испрати срдечна порака до сите навивачи.
„Добра ноќ на сите и напред Наполи“, рече Елмас.