Без текст

23

Политичарите дејствуваат, изјавуваат и негираат за кои понекогаш човекот би се засрамил да ги направи пред своите другари од основно училиште. Балканот од 2019 година имаше многу настани и повторно тие што го живееле и биле свесни пред околу две децении, верувам дека се зачудени со не менувањето на нештата во нивната логика. Многу настани и животот на Балканот имаат само сатирично значење и ништо друго

Од Идро СЕФЕРИ

„Луѓето ќе имаат чувство дека се слободни, богати и среќни“, вака пишува во една парола на тоталитарна идеологија што владееше во поранешна Југославија. Во некои постери, од нацистичкиот освојувач и локалните самоуправи од тоа време, значи колаборационистите, и до комунистите, значи сите ривали на оваа поднебје, ја наоѓам интересната парола. Тоа што ми даде впечаток тука е дека тие барем се трудеа. Но, не што најмногу беше за анализа изразот „ќе го имаат чувството дека“, значи дека можеби не се вистинско чувство, туку чувство за создаденото чувство.

Така, повеќе од Балканците кои не ја гледаат ситуацијата „имаат чувство дека имаат држава“. Останатите дека не, но не веруваат дека тука може и поинаку. Ако ги анализирате сите балкански народи, сите велат „Тука е Косово, така тие“, „Тука е Албанија…“, „Тука е Македонија…“, „Така ти е во Србија“ и така во ред. Кога сакаат да му дадат и друг печат, му додаваат и името на градот, како пример, „така ти е во Валона, ако немаш пријател умираш“. Меѓутоа, зошто Балканците секогаш имаат иста состојба во животот што некако се украсува со технолошка опрема, но во суштина односот живот -татковина станува напорен. Можеби, наместо честитки, луѓето кои се дел од јавното мислење и некако ги насочуваат мислењата и дискурсите што се однесува со нешто значајно, би можеле да им се извинуваат на читателите и гледачите. Време е на празници и не треба да се здодеваме многу. На празниците малкумина во светот им се спротивставуваат, без оглед какви се тие. Барем сите ги знаеме нашите родендени, верските празници и Нова година. Овој празник е многу различен од другите празници во однос на еуфоријата. Нема ништо лошо од тоа што луѓето понекогаш да се радуваат. Нова година секогаш има многу нешта што ја следуваат, но и некаков вид човечко сметководство со животот на секого. Така, некако замавот на крајот на годината се испразнува во тие сјајни моменти, кога се црно се враќа во магија. И каде да бидеш на тој ден? Со кого најпрвин, во кое место и држава, во кој град, каде е најголемата магија?
Каде ја чекаш Новата година, прашуваат и Албанците насекаде каде се наоѓаат? Без оглед дека Балканците кои живеат во своето родно место, за разлика од дијаспората, немаат ниту маки на граѓаните на развиените земји. За некои прашањето, дали го користиш овој временски простор за да направиш нешто што не си го правел никогаш – на пример, дочекот на новогодишната ноќ во една топла плажа. Тоа можеби е здраво, бидејќи им овозможува на луѓето да немаат премногу стрес за „последните минути“ на патувањето. Меѓутоа, сите брзаат низ автопатите на Балканот и повеќето од нив во тие од Србија. Бескраен прилив. Албанците од Северна Македонија се враќаат дома, тие од Прешевската Долината се одвојуваат порано и на сите гранични премини гледаат каде има помалку луѓе и која точка не е откриено во целост. Кон Косово, како мравки, стотици илјади автомобили се движат кон неколку премини. Нивните судбини се разминуваат, а некои минуваат полесно, а други чекаат со часови. Се прави се како прилив на бегалци. Тука патуваат и Албанци од Албанија за во Дебар, Маќелара, Поградец и други места каде што „поминувањето“ низ Македонија им е подобра отколку од Италија, Австрија и од други земји. Така некако сето се одвива и зошто не на крајот на краиштата, нели прават ќеиф и во другите прилики? Сите тие се жртвуваат, тие што се враќаат за празници и тие што остануваат да живеат во лоши услови и со не повеќе можности за промена. Колку што се сеќаваат во животот, така било тоа и толку малку ќеиф да им го расипуваш на некого? Зошто? Не треба да се дозволува никако! И, затоа тие што се граѓани на овие земји, треба да слушнат едно извинување за стресот што им се предизвикува секој ден, за притисокот што им се врши, и за рацете што се ставени во нивните чинии! Извинете, барем мене во мое лично име, ако сме заборавиле дека вие постоите.

Така е Балканот.

Некако, нешто што не се менува, затоа што некако никој не сака да ресурсите на оваа земја, вклучувајќи ги и хуманите ресурси, да ги стави повторно на нови сили и да им го најде местото на нив да создадат една можност за живот. Но, зошто да направам нешто поинаку, не зборувам за празници, туку за живот пред и потоа. Зошто, понекогаш е тешко да се напише нешто? Во последна недела неколку пати сум започнал да пишувам едиторијал, мислејќи пријателски да се извинувам, зошто не можам да бидам повеќе покреативен. Често сум пишувал се, но дали вреди да се занимаваш со политички ситници? Тоа е нешто што ја гази секоја креативност и зошто се уште исто се случува и секогаш некако рутински. Честопати се случило дека сум започнал да пишувам и потоа останав „без текст“. Невозможно е да го анализираш бргу и прецизно политиката на Балканот, конфликтите, луѓето, настаните и општествените движења. Тоа се менува громовито текот на денот, но не и во суштина. Национализмите доаѓаат и се издигнуваат, паѓаат и се газат, повторно се издигнуваат, онака како бранови се чувствува телото под притисок на покачената температура. Како да се пишува нешто сериозно? Помина многу време што не сум се занимавал со конкретни случаи, сопствени личности, политички партии или со детални настани, освен некои исповеди, како социјална потреба за да постави дебата на почувствителен ниво. Балканот се уште има само ре-емитувања.

Некогаш, кога луѓето имаа чувство дека се „слободни, богати и среќни“, се прославуваше Нова година со сите ре-емитувања. И во комунистичките хотели се организираше „првата, втората и третата новогодишна ноќ“. Сега, е колективен хаос што носи радост, за да се заборави скоро секоја болка и неможност во текот на годината и еден број на успеси постигнати со тешкотии. Лично не сум многу љубител на еуфорија. Но, ниту и на негирањето на празниците кои даруваат знак на надежта за човекот. Меѓутоа, секогаш се трудам да се сетам на настаните од пред 20 години кога живеев на Косово и требаше да доаѓа Новата година, таа година на нов милениум за кој се велеше дека ќе доаѓа заедно со крајот на светот и различните предвидувања ширум светот . Но, ништо не се случи поради еуфоријата на луѓето како би се случил тој настан, со комети или вулкани или ќе не проголтува една црна дупка ?! Во Косово, тогаш, за многумина од нас, празникот беше првпат после војната, со сите нејзини страни, жртвите, опожарените куќи и се што опкружува една таква разгледница после трагедијата.

Меѓутоа, верувавме дека се уште постои надеж и дека сега тоа ќе биде почеток каде ќе се гради дамнешниот сон – слободата, но и покрај физичката, слободата тогаш значеше и апсолутна можност за развој, општество без пречки и бескрајни желби. И, примерот на Косово, со стотици илјади раселени луѓе во овие години, после војната, тоа важи насекаде на интегрираниот Балкан во ЕУ и луѓето и денеска со нетрпение очекуваат работни дозволи, визи, бракови со луѓе кои имаат „документи“.

Образованието се уште е под нивото на времето на војната, под можностите за вработување, за производство на експерти, но сега само се поделуваат на оние кои се систематизирани и на тие кои останале на друга страна на долот што лесно не се поминува. Без да сакам да влијаам во чувството за славење и без да се утврдува дали е подобро отколку што сме мислеле пред две децении или е полошо, едноставно се поставува прашањето за сите тие што се сеќаваат на промената на милениумот, дали е тоа што го очекувале и дека ќе се случува во 2020 година и дали е тоа што тие го сонувале или е друг филм? И, до кога Балканците ќе се радуваат на по богата вечера и не на одморите што како последица на напорната работа, можат да се нарекуваат како заслужни?

Дали се чувствувате веќе „слободни, богати и среќни“? Среќно!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)