Брат со мене се додека не станеш „пријател на мојот непријател“!

9

Навистина е дилема дали треба да се градат односи засновани врз политичките програми (левичарите со левичарите, десничарите со десничарите …), врз основа на пријателствата (Хашим е мој другар, задржи го ти Рамуш!) Или: „Албин е со нас “…), или една врста на еквидистанца, која политичките ривалства ќе ги задржуваше внатре  во една држава, без да се меша во ривалствата што ги имаат партиите во другата држава

Од Даут ДАУТИ

Објавувањето на еден текст (мој) нарачан за списанието „Шења“ може да се претвори во анегдота. Ми ја побара за еден тематски број и откако го напишав, им го испратив, но направив техничка грешка. Кога беше објавено, видов дека по грешка сум испратил натпис од 2017 година! Редакцијата, веројатно, падна во стапица на мојата негрижа, затоа што дури и како „погрешен“, нејзината тематика за односите на албанските партии во сите албански простори е актуелна и денеска, па затоа не мислеа дека може да биде грешка! Кој би се посомневал дека е напишано пред две години?

Не дека темата не беше згазена од времето, но сега станува уште по актуелен после победата на Албин Курти на изборите во Косово…

Долгата средба меѓу Еди Рама и Албин Курти, многумина го третираа како кршење на мразот меѓу албанскиот премиер и идниот косовски премиер, после не толку мало заострување, поради критиките што  движењето Самоопределување му ги упати на министерот на владата на Еди Рама, по потекло од Косово, Гент Цакај, за наводно негово позиционирање за поделба на Косово (тој тоа го демантираше и повторно деновиве). Некои критичари рекоа дека Албин еднаш треба  да се извинува и потоа да гради институционални односи со неговиот колега. Тоа уште еднаш ја покренува дилемата, секогаш отворена на односите што треба да ги одржуваат субјектите, затоа што односите што ги градат тие на партиски ниво, потоа се рефлектираат  и во институционални односи, а понекогаш тие институционални (Рама-Харадинај…), можат да остават последици и за меѓу партиските односи.

Навистина е дилема дали треба да се градат односи засновани врз политичките програми (левичарите со левичарите, десничарите со десничарите …), врз основа на пријателствата (Хашим е мој другар, задржи го ти Рамуш!) Или: „Албин е со нас “…), или една врста на еквидистанца, која политичките ривалства ќе ги задржуваше внатре  во една држава, без да се меша во ривалствата што ги имаат партиите во другата држава.

Некои односи изградени од минатото, не можат да се земаат како добар пример.

Дали е добар пример патернализмот на Сали Бериша во 90-тите години, кога се мешаше во внатрешните работи на Партијата за демократски просперитет (ПДП), разделувајќи го на два субјекта и неколку години го поддржуваше двојката Џафери-Тачи, додека другите го прогласил речиси за предавници (познатиот коментар на АТА, дури и Невзат Халили го прогласи како таков!). ПДПА го капитализираше пред членството и избирачите, дека се додека ја има поддршката од албанската држава (Бериша ја персонифицираше државата), тие се на вистински пат. ПДП, пронајдена во костец, се обиде да постави баланс со градење на односи со Демократскиот сојуз на Косово (ДСК). На овој начин, двата субјекта надвор од Македонија, еден од Албанија Демократска партија (ДП) и еден од Косово (ДСК), влијаеја врз политичките судири на албанските партии во Македонија. Која беше вистинската цел, остана дилема до ден-денеска, но последиците за ПДП беа огромни, затоа што се подели на два дела, а користа за Албанците никаква! Јас честопати сум бил известувач за настани во Албанија и имав многу пријатели кај албанските партии. Во тоа време, многу членови на Демократската партија за Мендух Тачи и Арбер Џафери, зборуваа многу со почит како експоненти на вистинска национална политика. Но, меѓу тие членови на ДП, има кои денеска велат дека ова мешање во внатрешните работи на ПДП беше штетна! Интересно е да се споменува дека кога Сали Бериша падна од власта, субјектите од Македонија, како ги менуваа партнерите. Заборавајќи го фактот дека заправо Бериша го факторизирал некогаш, тој не се двоумел да го советува поранешниот ментор „да излезе малку од канцеларијата за да зема воздух“. Како што се гледа од примерот, не биле идеолошките „преференции“ тие кои влијаеле врз создавање на односите, туку да се биде на власт. Затоа што, тој што е на власт и поддржува еден субјект надвор од Албанија, како и самата Албанија сама им вели на гласачите во Македонија за кого да гласаат.

Друг пристап имаше, Фатос Нано, кој се чини дека никогаш не се обидел да ги приближи повеќе некој субјект, но кога еднаш бил гостин на еден конгрес на ПДП, тој го посетил и седиштето на ПДПА, но потоа дочекан многу ладно од ПДП, давајќи му до знание во стилот „што бараше кај нашите непријатели кога си гостин и поканет кај нас?!“

Во годините што следуваа, се формираа многу субјекти, излезени од воените сили во Косово и Македонија (ДПК, ААК, ДУИ…), на чело на кои се најдоа поранешните другари од војната, проширувајќи го јазот меѓу нив во Косово, но создавајќи и лични односи и надвор. Ги имаме свежи блиските односи Али Ахмети – Хашим Тачи на една страна и Мендух Тачи – Рамуш Харадинај на друга страна. Пред неколку години, со факторизирањето на Движењето Самоопределување, го имале и Албин чест гостин во Македонија, со кого некој субјект и може  да се обидуваше како и другите во минатото, да го капитализираат пред своите гласачи. Нема дилема дека неговиот политички профил ужива голема симпатија тука и лиценцирањето со негова поддршка, директна или индиректна, навистина ќе беше надежна. (Друго прашање е дали тој сега, од позиција на државник, ќе треба или ќе се впушта во такво нешто).

Најлош пример за расипани односи е тој меѓу Сали Бериша (сега опозиционер) и Хашим Тачи (сега претседател на државата на Косово): првиот го обвинува другиот за предавство (продажба на земјата на Косово), а вториот го обвинува тешко првиот за убиство на Ремзи Хоџа и новинарот Али Укај (во 90-тите години)! Овие се односите кои не можат да се поправат меѓу двете релевантни личности во двете албански држави, иако овие двајца беа гости на Али Ахмети во Скопје на 100-годишнината од независноста на албанската држава… Тие го искористија взаемно за изборна кампања! Барем така изјави Хашим Тачи, кога иако во својство на државни претставници, го инаугурираа “Патот на нацијата”, но со партиски знамиња на ДП! Каде избувна скандалот, денеска се најголеми непријатели на целата албанска политичка сцена?! Зошто го доведоа себеси во оваа дереџе, каде зборот предавство и криминалност едни за другиот, да биде главен атрибут! Можеби, затоа што улогите се сменија и затоа што Докторот, во меѓувреме, падна од власта и комуницирањето на премиерот, а потоа и претседател на Косово, стана почест со Рама отколку со него? Веројатно,  се случува дека една институционална комуникација со „мојот непријател“ не може да биде повеќе мој пријател ?!

Навистина, политичката сцена во една земја е често како спортска арена за навивање за „екипите“ на другата земја. Не е чудно што во политичките судири на Албанија некој го посетил познатиот шатор на Љуљ Баша. Еден мотив за тоа ќе беше анти-владиното постројување поради многу аномалии на владеењето, но друго прашање е како еден опозиционер кој бил и обвинет за злоупотреба на средства, токму на еден национален проект, како што е „Патот на нацијата“? Или за сојузи во различни линии, лекот е заборавањето?

И од овој пример се гледа дека во создавањето на односите на субјектите од различни албански средини, треба да има основен принцип. Според моето мислење, создавањето на односите на партиски линии или на лични основи, може да биде проблем кога на чело на владите или државата доаѓаат личности “пријатели на моите непријатели“.  Сега често се спомнува флоскулата „институционална соработка“, како неопходност, но заправо тука е и проблемот: дали ќе се надминат претходно создадените анимозитети, дали ќе биде успешна колку што треба,институционалната соработка?

За мене нема дилема дека кој е најправеден принцип, интервенцијата на Сали Бериша за поддршка и поделба на еден субјект, или истата блискост (еквидистанца) на Фатос Нано. Политичките битки партиите треба да ги водат во арената на нивната земја, додека пак институционалната соработка да го направат според улогите што им ги даваат избирачите. Секоја земја ги има своите специфики, има органи и судство и избирачи кои ќе ги оценуваат нивните субјекти, а не улогата на судија да го играат властите од друга држава. На се национален план, би било поповолно да субјектите кои работат во другите земји, да воспостават навистина братски односи со субјектите во соседните земји, надвор од политичките идеологии и програми. Без оглед каде дејствуваат, нивните односи треба да ги градат врз принципиелни основи, без приближување со некого повеќе или помалку, без да ги користат тие за дневни потреби. Не дека не се нормални и односите според програмската (идеолошкото) ориентирање, или врз снова на лични пријателства, но мислам дека тој вид на односи, повеќе создава проблеми, како што сме виделе во овие последни две години.

(Авторот е редовен колумнист за весникот  КОХА)