Во болниците низ државата се лекуваат 584 пациенти со ковид-19, од нив 262 се во Скопје

15

Во ковид центрите во болниците низ целата земја во последните 24 часа пријавено е дека се лекуваат вкупно 584 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, од кои 262 се во Скопје, а 320 во другите градови.

Во истиот период во скопските ковид-центри примени се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а од нив 6 се примени на интерните клиники, четворица во ГОБ 8 Септември и 10 на Инфективната клиника, додека дома се пуштени 22 оздравени пациенти.

Според податоците од Министерството за здравство, во моментов во ковид-центарот на Кожната клиника се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 16, во Институтот за ТБЦ има вкупно 22 пациенти со симтоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија има 16 пациенти, а на Клиниката за гастроентерохепатологија 12 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, на Клиниката за инфективни болести 88 пациенти, а во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 8 пациенти.

Што се однесува до болниците низ државата, најмногу хоспитализирани има во Охрид-65. Во болницата во Битола се лекуваат 20 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип има 35 пациенти, на инфективното одделение во Тетово-15, во Велес 16, а во Куманово 45. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 65 пациенти, во Прилеп 20, во Гостивар 17, а во Струга 20. Во болницата во Струмица има 20 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 12, Кавадарци 16, во Гевгелија 2 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во болниците низ државата во ковид-центрите има околу 580 празни кревети, а во текот на денот по направените исписи на оздравени пациенти ќе се ослободат дополнителни легла.