Д-р Муса, жртва на новинарско шарлатанство!

17

Медицинската услуга во една странска земја е скапа затоа што се врши врз приватни основи, освен на случаите кога од Тирана доаѓа некое злонамерно лице, кој се претставува како новинар и очекува да услуга врз него биде бесплатна (!). Лошото новинарство се обиде да му облече друг мантил на д-р Асим Муса, но неговото граѓанско воспитување и медицинска етика, го украсувале него со децении како модел на хуманизам и професионализам.

Од Емин АЗЕМИ

Кога новинарите сакаат да бидат измамници, толку лошо ги спакуваат нивните истражувања што човекот верува дека навистина во нив кој знае што е скриено. Така изгледаа и некои хумористични новинари на Тирана, кои преку наводна истрага за нивната емисија – “Фикс Фаре”,- не успеа да откријат никаква корупција, само што го открија нивната не професионалност. Таква, екстремно шарлатанство што нема никаква врска со работната етика на новинарот, уште полошо кога хронологијата на приказната и автентичноста на снимките снимени кришум не потврдија никаде дека струшкиот уролог, др. Асим Муса, поранешен заменик министер за здравство, спомнал некој факт што него би го поврзал со мито.
Ако како странски државјанин одите во Тирана и извршите некоја хируршка интервенција треба да платиш над 2000 евра и никој тоа не го нарекува мито, додека тие што ги земаат тие пари не се сметаат за корумпирани. Затоа што, така е и во Турција, Германија и на друго место. Медицинската услуга во странска земја е скапа затоа што се извршува врз приватни основи, освен во случаите кога од Тирана доаѓа некое злонамерно лице кој се претставува како новинар и очекува услугата за него да биде бесплатна (!).
Во Скопје доаѓаат со десетици граѓани од Косово и плаќаат над 5.000 евра за операциите што не можат да ги извршат во тамошните болници.
Ниту еден новинар од Тирана не доаѓал досега да ги посетува скопските клиники и одблизу да видат колку скапо чини да си косовски пациент.
Хумористичните новинари на Фикс, се чини дека не им се јасни некои поими што се неопходни да се знаат пред да се навлегува во нивните валкани авантури за омаловажување на луѓето. Тие, преди се, ќе треба да направат разлика меѓу домашните пациенти кои имаат болнички услуги според вредностите што се покриваат од овдешниот Здравствен фонд и пациентите кои доаѓаат од странство, кои треба да плаќаат суми што не ги покрива Фондот за здравство.
Д-р Муса, токму тоа им го објаснуваше на овие траги-комичари, спакувани лошо во облеката на новинарот, иако овие последните инсистираа да го стават во стапица нивната „жртва“, нудејќи му на почетокот 100, а потоа 50 евра бакшиш.
И, ако шарлатанството на овие траги-комичари не може да направи разлика меѓу митото и бакшишот, (даден без волја), тогаш тоа е многу голем проблем за тие уредници и водители на такви емисии, кои под маската на „новинарско истражување“, стават различни стапици и интриги, кои не се совпаѓаат со вистинската новинарска етика.
Д-р Асим Муса се повлече од функцијата заменик министер за Здравство, без да му го бара тоа некој и да беше личност со сомнителен кредибилитет, како што се обидоа да го престават траги-комичарите на Фикс, тој нема да си заминува од таа функција и најмалку што ќе правеше, ќе се повикуваше во името на неговата партија, барајќи одбрана од нејзините водачи, како што постапија во различни случаи одредени лица од таа партија.
Меѓутоа, тоа тој не го стори. Не затоа што сакаше да се покаже осамен херој, туку затоа што сакаше да ја покаже својата човечка и граѓанска чистотија против стапицата што се беше, не само новинарско истражување. Тој е познат во Струга и пошироко како високо квалификуван професионален уролог и со исклучително коректни однесувања кон пациентите. Еден медиум што ги зема на истрел таквите вредности, може ќе го има можеби полесно да го спакува мрзеливоста за да направи по содржински теми, но никако не се оправдување ваквата идиотска леснотија во оцрнувањето на имиџот и авторитетот на луѓето, токму на тие што се сметаат во заедницата како модел на граѓанството и професионализмот.
Ако медиумите ја завршиле нивната работа чесно и со посветеност, ќе покажа до каде стигнале нивните истражувања за некои сериозни корумпирани афери, што во споредба со тие, бакшишот во Струга изгледа како мала капка во океанот.
Јавноста се уште нема детално објаснување за исходот на кривичната пријава за министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев, за злоупотреба на службената должност поврзана со 11 милиони евра.
Драги Рашковски, генерален секретар на владата, спомнува во скандалот мито од 7 милиони евра, додека случајот е во истражна постапка од Антикорупциска комисија. Во меѓувреме, вицепремиерот Кочо Анѓушев успева да купи државно земјиште во вредност од десетици милиони евра.
Случајот „Рекет“ заврши до потпретседателот на парламентот и потпретседател на СДСМ, Фросина Ременски, каде исто така се споменуваат милиони евра за рекет.
Меѓутоа, сите овие корумпирани афери никогаш не можат да бидат осветлени, ако зависат од истражувањата на хумористите и злобните новинари на Тирана. Овие последните полесно им е да ја посетат Струга и нивните провинциски фрустрации да ги искажат во наводно корумпиран случај, што се може да се нарече, но не и новинарско истражување, како што тие претендираат.
Лошото новинарство се обиде да му облече друг мантил на д-р. Асим Муса, но неговото граѓанско воспитување и медицинска етика, него со децении го украсувале како модел на хуманизам и професионализам. (Коха.мк)