Европа

23

 „Не оди пред мене… Можеби не те следам. Не оди зад мене … можеби не те водам. Оди покрај мене … само остани пријателе мој “, – Алберт Ками. Можеби ние сме само „Странци“ на нашиот континент. Дали беше толку опасно за ЕУ да им велеше Не на двете балкански држави или поопасно беше да им велеше Да?

Од Идро СЕФЕРИ

Европската унија му ја скрши бесата на Северна Македонија. Особено на ова држава му скрши бесата. Ако  некаде се сложуваа мнозинството на балканците, кои до вчера беа во војна, Северна  Македонија беше која требаше да ги започне преговорите за пристапување во Европската унија. Некому во ЕУ му изгледаше многу да му даде надеж на оваа земја. За Албанија, особено после последните случувања, не го очекуваа дека може да му се случи тоа. Дури беа поставени  прашања дали им сметаше правење на блок со Тирана и Скопје. Но, не сакам да навлегувам во напредокот на Албанија, да претпоставуваме дека ЕУ тука е во право. Тоа што апсолутно нема право и што навистина е голема грешка ако Северна Македонија не добие датум навреме. На секому од Европската унија му се чини залуден напредокот на Северна Македонија, нека одат да го „прашуваат“ Метју Нимиц, човекот кој скоро ги помина три децении во справувањето со овој проблем. Бидејќи сум новинар што сум ги следел неколку настани, барем во Скопје, кои се однесуваат со најновите случувања, верувам дека имам малку право да зборува за како сум го видел оваа промена и што значи тотална игнорантска одлука од страна на Западните политичари кои ја претворија Европа во сопственост на Унијата и земјите кои останаа надвор изгледаат како острови кои треба да ги исполнуваат толку услови, што ќе изгледаа сеизмички движења за да ја приближат оваа земја со остатокот на континентот, дел кои несомнено сме сите Европејци. Но, некако континентот не ни припаѓаше нам другите, затоа што судбината сакаше ние да сме се родиле во негово погрешно место. Не за Европа (мислам на ЕУ), сме грешни луѓе, луѓе кои немаат способност да го разберат развојот и демократијата, некако луѓе кои го сакаат состојбата во која живееме, без оглед на напорите во последниве три децении, на енормен број на граѓанско општество, на уметници, новинари и на активисти, кои тука се бореле за да ги заштитат примарните слободи на луѓето и создавајќи простор за можност. Оваа дискриминација што му се прави на дел од државите од Западен Балкан е казна и за сите тие луѓе кои веруваат во европските вредности, на континентот, но и на Европската унија. Лесно е да дејствуваш во развиените земји и да протестираш. Тука, постројувањето на страна на демократијата може да чини со животи. Ние не сме од Тора Бора ниту од Хималаите, ние сме од Европа. Јас неколку пати сум пишувал дека за балканците, сепак  е изненадувачко прашањето кога патуваш во ЕУ и полицајците рутински те прашуваат колку ќе останувате во Европа? Меѓутоа, тоа се однесува до различна перцепција што ја имаме за Европа и за навредливиот начин како ние се третираме од Европската унија, без оглед колку печати ние имаме во пасошите – тие секогаш не гледаат како етикетирани, како луѓе кои треба да се интегрираат.

Тоа што го направи Европската унија мината недела  да ги крши своите отворено ветувањата со некои банални оправдувања, како да му се објаснува на граѓаните на ЕУ дека ние, од земјите каде има азиланти, сакаме да бидеме дел од организација во континентот, што сепак ни припаѓа еден дел. Европската унија го игнорираше фактот дека причината зошто има азиланти е фактот што тука транзицијата  трае  долго и дека често пати, истите овие влади, на нашата штета како граѓани, ги поддржуваат балканските автократи во име на сабило-кратија. На нашата штета како граѓани, истите овие влади ги блокираат процесите за кои го дадоа нивниот збор. Се уште е тешко за мене и треба да паметам секогаш фактот дека во името Македонија сега треба да и се додаде и Северна, затоа што некако не се склопи добро оваа промена.

Оваа држава, пред да се постигне овој договор, имаше влада која беше вклучена во многу афери и создаде меѓуетнички тензии што се претпоставува дали ќе доведе до поделба или подлабоки конфликти. Скоро три децении сме слушале за името на оваа држава, чии поранешен премиер, како Худин, исчезна и се појави подоцна во Унгарија (читај Европска унија), каде побара политички азил кај неговиот пријател. Оваа држава критикуваше и играше опасна и неповратна игра кон самоуништувањето. Не сум државјанин на знамето со сонце, но поминувајќи време во оваа држава сум видел и населби и предградија. Секако, дека никој не е слеп да размислува дека Арачиново е подготвено за ЕУ ​​и сите знаеме дека од овој процес ќе поминат најмалку десет години. Се разбира, дека ние знаеме дека сме сиромашни, уништени, изгубени, дека имаме многу нешта за средување и никој од нас кои резонираме нормално во овој географски простор на Европа, не мисли дека имаме правда, систем, образование, економски развој или и држава. Секој од нас најмалку еднаш неделно го користи терминот „нечесна држава“. Секако, дека причината зошто ние граѓаните од втора класа на Европа, сме уморни е токму недостатокот на напредокот и сите ние се радуваме за Северна Македонија, затоа што барем некој од нас правеше некој напредок. Ние Албанците се радувавме за нашите луѓе и пријателите таму, барем некои од нас излегува на брегот. Но, ЕУ, а особено Франција,  рекоа Не, затоа што тие направија една „филозофска студија“ за причините што е висок ризик од можно „Да“. Едно можно Да, не претставува ниту еден емигрант повеќе или помалку за Франција, освен што претставува опасност за самиот претседател на оваа земја, бидејќи би можела да го обвини опозицијата на Марин Ле Пен. Ние, кога вие имате избори во Франција, се радуваме кога победуваат „добрите“, значи во овој случај, Емануел Макрон, бидејќи еден европски лидер, со отворен ум, подразбира добро и за нас. Се разбира, дека ако ние како балканци упатуваме критики кон ЕУ, може да бидеме санкционирани, да се сметаме недостојни, злонамерни, примитивци и други нешта. Но, овој систем има суштински проблем и зборовите на претседателот Макрон се на место кога станува збор за внатрешниот систем. Меѓутоа, ние немаме вина за тоа и многу сум убеден дека некои од точките што треба да ги исполнуваат земјите на Балканот  не може да ги исполнува ниту половина од земјите на ЕУ, дури ниту некои на економски аспект, а да не зборуваме за тие човекови права, без да навлегуваме во детали за некои држави. Европскиот дух го одржуваше жив Балканот и во најтешките времиња, идејата за еден „дух на промени“, секогаш ги наежил многу луѓе на Балканот. Но, зошто се уште не успеа да победува тука овој дух? Верувам дека многумина на тие што се занимаваат со политика и во овие земји, добро знаат дека вината не е на граѓаните. Повеќе од етикетирање, нам ние потребно заштита од Дами и Господа, потребни сте ни Вие да критикувате кога ние се жалиме за слободата на медиумите и сме заканети, потребно ние заштита од нашите политичари, отворено се вклучени во скандалозни афери и ние протестираме, но Вие, Европска унија, што ние ја сакаме толку многу и ве имаме во сон, ги засолнува тие и не кажувате нешто за овие случаи. Потребни ни се да ја кажете вистината и не да ги поддржувате тие што не држат како заложници и да не станеме страна на најголемиот дел од оние кои се со стотици уникатни имиња кои се обидоа тука да го искорнат национализмот, воените злосторници, криминалците на мирот, узурпаторите и оние кои немаат намера тука нешто да променат. Секако, бидејќи на ЕУ и е потребен Балканот, проблематичен со половина сива зона во се. Затоа што, ЕУ нема интерес од нас, бидејќи не сме всушност порта на Европа на истокот и нема значај,кој друг ќе најде простор во отсуство на ЕУ во оваа земја. Но, Вие, во кои е нашата единствена надеж за градење на општество со длабоки основи, сте ја изневериле и Косово со не давање на визна либерализација и покрај дадените ветувања, сте ја пресекле Северна Македонија и сте им давале простор на другите сили да ја зголемуваат гнездата тука кај нас. Балканците, речиси никогаш, немале надеж кај локалните политичари, бидејќи ние тие ги познаваме, сите што биле и знаеме колку мајстори се за не земање на одговорноста, но како дел од овој континент, верувам дека повеќето сме мислеле дека ЕУ е посуштинско од толку. Јас не сум анти-европски настроен, но овој систем треба сериозно да го добие својот идентитет и да поставува прашање за што служи Европската унија? И, дали ќе бидеме ние од Африка или Азија кога ќе се случат срамни постапки и тензии или сепак ќе бидете обвинети и вие што сепак во Европа сте оставеле да се случуваат нереди?!

 

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)