Заев по предлогот на Пендаровски: Спремен сум за одлагање на пописот

31

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, по новинарско прашање за предлогот на претседателот Стево Пендаровски за тоа да се одложи пописот, истакна дека тој е спремен за одложување.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата Пендаровски да се одложи на некој месец пописот, ок – јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локални избори и да размислите за месец – два да завршиме некаде до средината на јуни веќе гледаме дека опозицијата тоа го одби. Затоа уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот“, посочи Заев.

Тој додава дека пописот е согласно сите стандарди на Евростат и сите меѓународни стандарди на попис.