Каузата на Геро

26

Ниту сум со Геровски, ниту со неговите противници, туку сум во линија на објективно информирање што треба да бидат пред се, затоа и би сакал да верувам дека сета оваа битка е од професионални причини, а не за услуга или достоинство, а уште помалку дека го „купиле“ за да им помогне на луѓето на „поранешниот-режим“ , да се спасат од правдата, како што го обвинуваат

Даут ДАУТИ

Во една приказна, од пред многу години порано, напишав за ликот од мојата професионална бранша и тие што ја прочитале мислеа дека станува збор за автобиографска приказна. Исклучувајќи ја професијата и некој друг елемент, секоја сличност со ликот беше случајна. Тоа што не е случајна, а што го поврзав на овој лик, беше неговиот мотив, да преку неговите написи го смени светот … Зарем не е ова сон на секој новинар? Зарем не го нарекувале новинарството „седма сила“, токму поради ова влијание?

Зошто се сетив на овој лик, во чија кожа е секој новинар кој има чист професионален мотив. И тој мотив, „за да се менува светот“, е сличен со тој на лекарите, „за да го излечат“ човештвото од секоја болест. Во тој контекст, новинарот има можност да влијае да го „заздравуваат“ општеството од бројните аномалии. И тој лик е свесен дека за да се биде успешен, знам дека ќе има многу пријатели, но и многу непријатели… Така, новинарите имаат пријатели и непријатели, во зависност на кого му одговараат нивните написи. И меѓу сите имиња што се појавуваат во весниците, порталите и електронските медиуми, во последно време најмногу спомнат лик му наликува на еден колега од факултетот, Бранко Геровски. Тој во 90-тите години го основа првиот независен весник на македонски јазик, “Дневник”. Благодарение на него, извесно време овој весник беше најчитаниот и се сметаше за најобјективен. Подоцна, беше продаден на германскиот ВАЗ, додека околу една последна деценија, се расипа меѓу тоа да се биде независен весник и политички портпарол, промени многу сопственици и на крајот беше затворен. Поранешниот нејзин основач и сопственик, Геровски, честопати велеше дека не е воопшто среќен за оваа патување на неговиот поранешен весник. Како темперамент немирен, тој основа уште неколку други весници, секогаш во обид да биде објективен и критички настроен за општествената реалност (земајќи ги овие поими како релативни, се разбира).

Неговата најголема заслуга и на порталот Плусинфо, е што дека го најави и ја поттикна познатата афера „Рекет“, каде како осомничени се околу десет лица. Бранко Геровски, деновиве, имаше и две нови колумни, двете во борбен дух на ликот од приказната! Од една страна е неговата кауза (професионална, секако), земајќи како мета политичкиот естаблишмент на власта (СДСМ и владата на Заев), и на другата страна е јавноста поделена за неговата кауза, тие што аплаудираат за храброста и тие што го пцујат „за промена на таборот“! Значи, зад него одат неговите пријатели и непријатели, што сакаше да го имаше ликот на приказната, бидејќи со нив чувствуваше жив. И Геровски се чувствува по жив од било кога. Откако дојде на власт оваа влада, јас предвидов нешто што токму кај Бранко Геровски излезе точно. Да потсетам: неколку пати имам напишано дека Владата не треба да смета на безрезервна поддршка на тие што некогаш ја поддржувале за да дојде на власт. Или, многу бргу ја расипа „идилата“. Заправо, во еден од двете „исповедувачки“ статии, сега веќе со почетокот на Јануари, го открива тоа можеби што нема потреба, дека низ сите години на демократија,гласал во корист на СДСМ, затоа што со неговата програма најде блискост со неговите ставови за градењето на општеството, но сега дојде време да се гласа „за промени“. Неговите противници го нарекоа тој гест, пакт со ѓаволот, или продавање на себеси за да седне во скутот на тој, против кого десет години се бореше да го собори од власта! Тој беше многу критичен кон погрешниот пристап за спорот со Грција околу името на државата и за низа други прашања што се одвиваа во тој период. Ако ќе се оценува според бројот, тој беше непријател бр.1 на владата на Груевски.

Ако има некој поголем опозициски сојузник во борбата против власта, тогаш сигурно тој би бил и Бранко Геровски. Тој сега и сам признава дека му помогнал на Груевски да доаѓа на власт во 2004 година, но во исто време, му помогнал на Заев да се бори „против режимот на Груевски“. Затоа што, кога Груевски го затвори највлијателната телевизија, А1 и нејзините ривални телевизии беа контролирани со пари од владини реклами и кампањи, само весник што тој го основаше Геровски беше силен опозициски глас со некоја осамена телевизија што не биле „купени“ од „режимот“. СДСМ и нејзиниот лидер, се секако, се многу благодарни на Геровски за ваквиот вид критики против Груевски, што му помогна да доаѓаат на власт. Меѓутоа, ако некој очекувал безусловна поддршка за сето што ќе се направи, сум рекол дека тоа не е реално. Но, дали го „помага“ Геровски “враќањето на режимот на Груевски“, како што му замеруваат некои провладини гласови, дури и неговите поранешни соработници и неговите блиски пријатели? Најдобрите пери на новинарството во Македонија, му велат директно дека тој е посветен со толку емоции во неговите пишувања, што навистина може да помогне да се врати „бегалецот од Будимпешта“ затоа што ги „преминал сите граници“.

Всушност, критичкото пишување не му се допаѓаат на никого, но мудрите политичари можат лесно да ги видат своите грешки и да ги поправат. Можеби тоа беше и намерата кога Геровски, минатото лето, бомбастично го најави мега-скандалот за уценувањето (“Рекет”) на бизнисмените од актери што ги нарече Коки, Кики Фрики. Тоа што го најави денеска е токму судскиот случај „Рекет“, каде како осомничен покрај двајца ликови во неговите написи „кодирани“ (Боки 13 (Коки) и (Фрики), (Фросина Ременски, СДСМ), иронично се најде и главниот специјален обвинител ,Катица Јанева. Нема поголема сатисфакција за еден новинар отколку неговите написи да откриваат големи настани, како овој, каде се инволвирани или осомничени, членови на властите. Првото, затоа што открива злоупотреба на службена должност за профит на пари, било да се буџетски или од бизниси, како во овој случај, и второ, затоа што му овозможува на правдата да се справи со тоа, и трето, ја предупредуваш власта дека не може да стори се што сака, и тоа да помине без да се забележува.

Аферата што ја најави Геровски создаде многу негови непријатели меѓу довчерашните пријатели. Тој се обиде во Август да доаѓа до кај Заев за да му покажува какви информации има во врска со аферата, но тој го ”насочи“ кај соодветните органи, што се занимаваат со тоа. Многу негови поранешни пријатели и „корисници“ на медиумските „услуги“ до вчера, денеска не ја гледаат неговата кауза како праведна, уште помалку добронамерна, затоа што почнале да се сомневаат дека тој не се занимава со отстапувања или злоупотреба на властиве, туку дека го прави тоа за нешто сосема друго, сомневајќи се дека е ставен во служба на поранешните олигарси и режими на Груевски. Тешко обвинување! После еден од двата написа што го заматиле водата и разбранувале духовите кон крајот на Декември и почетокот на Јануари, во која тој алудира и на уште четири други лица од блискиот круг на соработници на Заев, како инволвирани во истиот случај, како ги додаде уште поголеми сомневањата во на неговите написи. Со другиот напис, отворено се позиционираше за претстојните избори „за промени“, што е еден вид индиректен апел, во ситуација кога гласачите во македонскиот блок немаат многу алтернатива. Тој не кажува за кого треба да се гласа, но водата секако се знае на чија воденица може да оди.

После овие два написа, се добива впечаток дека тој е како последен Мохиканец и осамен досега. Поранешниот министер за внатрешни работи, кој беше најдолгогодишен колумнист во весникот „Дневник“, поради многу односи што само тие ги знаат, и кој го најде себеси во последната статија, што го нарече „разорен човек“, со кого нема да се занимава. Се повеќе поранешни негови пријатели го обвинуваат Геровски, дека во неговите последни написи за случајот „Рекет“, нема веќе аргументи, туку се тој го измислил, што е тешко обвинение за него.
Јас сакам да се вратам на професионалната страна, а не на можните заднини, за кои немам можност да ги знам. Од професионална страна, да пишуваш за аномалиите во едно општество, во владеењето, правдата, е право и обврска. Ниту фактот што до вчера напишал против аномалиите на друга гарнитура, не го прави „предавник“, ако се откриваат случаи во кои се инволвирани луѓе поврзани со сегашната гарнитура на власта. Тоа е тој трик кај секоја власт кој што сака медиумите да им ги покриваат валканите работи, барем тие или оние што го поддржувале. Геровски досега се покажа дека не спаѓа во таа група што дава поддршка еднаш и засекогаш. Тој беше против владеењето на Црвенковски, но беше и против владеењето на Груевски, денес е против владеењето на Заев, за тие работи што се ненормални или неисполнувања на ветувањата и повторување на дејствијата од власта во власта. Кога почина Никола Младенов, најмногу го оплакуваа можеби луѓето од тогашната опозиција, но вистината е дека тој беше исто толку омразен од секоја власт, колку што Црвенковски го обвинил за клевета и водеше судски спор против него. Потоа, истото го сторија и од групата на Груевски (Мијалков). Која беше суштината на професионалниот ангажман на Младенов? Тој го основа списанието “Фокус” и од почетокот објавуваше „сензационални“ статии за скандали, кои во главно беа поврзани со злоупотреби на власта, било да се владини или локални. Откако се менуваше власта, тој ги ловеше скандалите за новата власт, ги зборавуваше тие порано! Тоа беше образложението дека одговорните и виновниците се само тие што имаат власт. Овој стил не беше напуштен во „Фокус“ ниту денеска после Младенов, за што сведочат и многу написи после доаѓањето на власт на СДСМ. И Груевски, кој неколку главни телевизии ги направил гласноговорници на неговите политики, не успеа да го задржат на власт.

Според моето мислење, дури и кога има обоени политички (партиски) написи, главната работа е дали тие се фикција или се базирани на факти (се чини дека Геровски ги насочувал органите да дојдат до нив). Ниту сум со Геровски, ниту со неговите противници, туку сум во линијата на објективното информирање, затоа и би сакал да верувам дека целата оваа битка го има од професионални причини, а не за услуги или достоинство, а уште помалку дека го “купиле„, за да му помогне”на поранешниот режим” или на неговите луѓе да избегаат од правдата, како што го обвинуваат. Оваа толку голема ревност да им се оди се на нештата до крајот, го прават за да личат многу на новинарот од мојата приказна, кој се го имаше за високи мотиви за да направи подобар свет.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)