Кичеец призна вина за случајот „Рекет“

14

Запрашан од судијката дали се чувствува виновен за кривичните дела за кои го гони Обвинителството во оваа постапка, Зоран Милевски Кичеец пред судот одговори „Да, чувствувам вина“.

По ова беше прашан дали е свесен за последиците што ќе следуваат по ова признание на вина, како и дали некој му правел притисок.

Милевски одговори: „Свесен сум за последиците и признанието го давам свесно без присила од никого.“

Признанието на обвинетиот ги изненади сите во судницата.

Пред него обвинетиот Бојан Јовановски и обвинетата Катица Јанева рекоа дека не чувствуваат вина за постапката за случајот „Рекет“.

Фото: МКД.МК