НАТО поважно од изборите

25

Партиите да ги подготвуваат списоците со кандидати за изборите на 12 април 2020 година, изјави премиерот Зоран Заев, додавајќи дека очекува да до распуштањето на Парламентот заврши ратификувањето на членството на земјата во НАТО. Од ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција не гледаат причина за одложување изборите

Дестан ЈОНУЗИ

Скопје, 4 Ноември – Премиерот Зоран Заев, после отворањето на дилемата дали ќе се одложат парламентарните избори усогласени за 12 април идна година, деновиве изјави дека партиите треба да ги изготват списоците со на кандидати за пратеници. Тој истакна дека очекува целата процедура околу ратификацијата на членството на земјата во НАТО да завршува до 11 февруари 2020 година, кога треба да се распушти парламентот. „Сите проекции што сме ги направиле се дека изборите треба се одржат на 12 април, остана само Шпанија, која на 10 ноември одржува парламентарни избори, додека закажа и конститутивна седница на парламентот на 3 декември. Тоа значи дека го имаме целиот декември, јануари и десет дена од февруари, така што има доволно време да се ратификува Протоколот “, рече премиерот Заев.

Во меѓувреме, се отвори и дилемата поради ратификувањето на Протоколот од страна на парламентот на Македонија, документ кој откако ќе биде ратификуван во сите земји членки на НАТО, треба да го ратификува и законодавниот дом на земјата што се зачленува, така што доколку постапката заврши после распуштањето на парламентот во февруари, нема да има можност за ратификација. Претседателот на парламентот Талат Џафери, од друга страна, мината недела рече дека постои можност,кога парламентот е распуштен, да биде повикан ако е потребно да се ратификува Протоколот за членство во НАТО. „Не очекуваме промена во датумот на изборите, но истовремено испраќаме пораки дека треба да ги знаеме одговорностите кон државата, како што бевме одговорни за распишување на предвремени избори … Сите треба да бидеме одговорни за интересите на државата“, вели Заев.

Во меѓувреме, албанскиот партнер во владејачката коалиција Демократска унија за интеграција (ДУИ) оценува дека НАТО е најголема кауза за земјата отколку предвремените избори, така што според нив, ако за оваа голема кауза потребно е одложување на изборите, нема никаква причина  да не се одложат. „Ако Шпанија задоцнува, ние ќе бидеме принудени да ги одложиме изборите што ги договоривме на средбата на лидерите. Ние го имаме договорот на лидерите и со нашето инсистирање дека Македонија може да оди на избори само после членството во НАТО. Не можеме да ризикуваме да сите земји го ратификувале Протоколот во нивните парламенти, а ние да останеме без парламент “, велат за весникот KOHA од ДУИ, додавајќи дека нивната партија е подготвена да влезе во изборна трка било кога да се одржат изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ, не гледаат причина зошто да се одложат изборите. „Не гледаме причина зошто треба да се одложат изборите планирани за 12 април 2020 година. Во согласност со процедурите на Собранието, спикерот ќе одлучува дали на дополнителен начин да се соберат пратениците, откако Парламентот ќе се распушти за да го ратификува Протоколот за членство во НАТО “, велат за весникот КОХА од ВМРО-ДПМНЕ.

И од Алијансата за Албанците (АА) се изборите да се одржат на 12 април 2020 година. „Нема потреба за одложување на изборите. Ова дилема за одложување или не на изборите може да се прочита како страв на власта од изборите“, изјави лидерот на АА, Зијадин Села во своето последно интервју за Кнал5.

И од Движењето БЕСА на Билал Касами, велат дека конечниот датум за изборите е 12 април 2020 година, датум усогласен од сите лидери на политичките партии во земјата.  „Изјавите на експонентите на некои политички партии се знаци дека тие бегаат да се соочуваат на изборите. Што се однесува до ратификувањето на Протоколот за членство во НАТО, на состанокот на лидерите беше спомнат фактот дека Шпанија може да го ратификува во декември или јануари, беше причина да на место датумот за предвремени избори да биде одреден за крајот на декември, да се одложува со датумот на 12 април. Искуството од минатото докажа дека постои правна основа, за итни или вонредни ситуации, распуштениот парламент повторно да се свика и да гласа за прифаќањето на декларацијата за ратификација “, рече за весникот КОХА,  портпаролот на Движењето БЕСА Елмедин Мемиши.

Сепак, премиерот Зоран Заев и најголемата албанска партија на власта, ДУИ, велат дека преди се најзначајно е државата да биде функционална со цел да се усвојува значајна одлука за членство во НАТО. Инаку, премиерот Заев истакна дека 12 април треба да се постави како датум на изборите, но повторно останува отворена можноста за било какви промени поради НАТО.