Нова деценија

79

Врз основа на деценијата, но и крајот на годината дека, Новата година и новата деценија, клучни зборови ќе ја имаат борбата против корупцијата и злоупотребите. Рефлексија на тоа е можеби Виѓиленца Абази, талентирана правничка од Скопје која ја доминира оваа дебата глобално. Еден од авторите на Директивата на ЕУ на свиркачите, луѓето внатре во институциите што свиркаат кога се случуваат прекршувања и авторка на текстови што се објавуваат од значајни универзитети или издавачки куќи, како што е Оксфордскиот прес универзитет, таа со нејзината страст, на еден посветен и талентиран млад човек, покажува дека што ќе има интерес во наредните години

Од Назим РАШИДИ

Не сме веќе на крајот на годината. Ние сме на крајот на деценијата. Обично се прави билансот за крајот на годината, но не гледам дека се прават преценки за деценијата што ја оставивме зад нас. Значајно тоа, затоа што сите дејствија и настани, достигнувањата и откритијата, неуспесите и разочарувањата не прават денеска тоа што сме. И, читам насекаде дека што значи последната деценија за светот, како дојдоа и зошто дојдоа актуелните светски лидери. Кои се откритијата што ќе ги детерминираат бизнисите, технологиите и како последица на тоа – луѓето.

Додека кај нас, ниту хроничарите, ниту историчарите, туку ниту и медиумите не прават еден осврт назад, за да научиме од деценијата што си замина, дури и да ги евидентира грешките, со цел лекциите. Ќе кажувате дека можеби десет години не се и многу. Но… Во светот, на пример, Доналд Трамп, беше еден од ликовите на реалните телевизиски програми. Борис Џонсон беше споредна личност, дури и се сметаше како „шега“ меѓу британските конзервативци. Фејсбук бараше само пријатели некаде во почетокот на 2010 година. Меѓутоа, за 10 години потоа, го имаме Трамп претседател, на Велика Британија му се случува Брегзит и Фејсбук го таргетира секој наш потег, нудејќи ни реклами според специфичниот интерес. Овие факти, веќе отфрлувајќи бргу, покажува дека колку влијание може да има во деценијата. Но, кај нас, како ќе се сметаше деценијата? Македонија (никогаш не беше Северна), скоро една деценија живееше под власта на Груевски.

Се започна во 2008 година, кога ВМРО-ДПМНЕ освои над 60 мандати, доволно сама да формира влада. Како и во секоја земја, авторитаризмот започнува помпезно, прогласувајќи внатрешни и надворешни непријатели. Албанците беа константа појавена низ партиите и Грците, поради прашањето со името. Потоа, владеењето создаде и судири меѓу Македонците, но какви последици или наследство да сакате, остави оваа владеење, се уште не гледаме анализи и студии. Не станува збор за тие со партиски призми. Но, преценки за културата што донесе во институциите, начинот на размислувањето што го остави, особено на крајот на незиното владеење се обиде да контролира се. Оваа институционална меморија не може да не продолжува во една друга форма во наредните владеења. Но, како што реков, анализата треба да биде реална.

Се уште дебатираме на масите, дека што всушност значи промена која дојде. Но, денеска, во пресрет на новата деценија, Македонија, сега Северна, ќе ја започне нејзиното патување со ново име, веројатно во духот на првите денови на новата деценија и членка на НАТО. Никој не веруваше во 2010 година дека на крајот на 2019 година ќе дојде таква промена.
Меѓутоа, повторно, гледајќи ја назад деценијата, успеваме да ја предвидуваме иднината? Не како гатачка, туку како последица на преземените дејствија или политичките и општествените околности. Првата во овој контекст, што веројатно се случува, поради настаните во судство и околу него, но не само, вниманието е кон власта. Ќе треба да научиме дека критиката кон власта треба да биде постојана. Дека не за една деценија, туку само за неколку месеци, научивме тешки лекции, кога неситоста и како последица и корупцијата или злоупотребата на службената должност може да го урнат секого на земја. Катица Јанева, од хероина денеска е синоним на разочарувањето. Заправо, сервирањето на оваа реалност на крајот на деценијата не учи дека вниманието и надзорот врз властите ќе биде приоритет за секој што е на власт. Сизифки е обидот или битката за да се создаде една држава, едно општество или систем што ќе биде праведен. Анализата ќе треба да биде уште подлабока. На пример, се уште не знаеме дали авторитаризмот на Груевски, што произведе и официјално, терминот во документите на ЕУ „заробена држава“, ако го донесе најхрабриот дух што довело до промена на името, или сето беше процес што ќе доаѓаше поради глобалните случувања.
Во светот, деценијата создаде последици од економски кризи и на неколку години порано и така огромните финансиски загуби, потресите на монетарните вредности, доведоа до „популистичко“ владеење, описи кои се повикуваат само на историјата. Но, денеска во САД, Трамп е претседател, во 2014 година Реџеп Таип Ердоган стана претседател на Турција, додека на крајот на 2010 година на клубот му се придружи Jаир Болсонаро, претседател на Бразил. Меѓутоа, тој дух ја зафати и Европа. Во 2010 година, Алтернативата за Германија (АфД) ниту постоеше, но во 2017 година, партијата на екстремна десница освои над 12 проценти од гласовите. На светот му се врати повторно како тема руско влијание, додека ЕУ соочена со бегалската криза и конфликтите во Сирија, го предизвика дебата за имиграцијата, и што доведе и до отцепување на нејзин членка, Велика Британија, од најважниот проект после Втората светска војна, Европската унија.

Сите овие глобални случувања, кај земјите како нашата, мали и со проблеми, го донесуваат нивниот импакт. Не знам дали целиот овој глобален дух, каде либералните вредности се тестираат, ги донесоа тие ефекти што ги видовме. Меѓутоа, кај Албанците, особено во Северна Македонија, прави што подемот на авторитаризмот, особено во Турција, ќе донесуваат непознат дух претходно во политичката култура.

Раѓањето на движењето „Беса“, особено во нејзините почетоци, го воведе како никогаш порано во јавниот дискурс религијата, не како право, што не се дискутира, дека треба да постои, затоа што е основа на личните слободи, туку како механизам преку кој се правеше обид влијание на гласот. Можеме да го сметаме како штетно или не, нормално или не, за логиката на креирањето на политиката или традицијата на креирањето на политиката, но вистината е дека глобалните тенденции го дадоа тоа како модел. Без сомнение дека во наредната деценија, онака како и во светот, оваа дискусија ќе биде присутна. Сите знаат дека со религија, со молитви не се решаваат проблемите, но исто така сите знаат дека како едно од најчувствителните прашања за луѓето, со неа ќе се манипулира.

Во пополитички термини, деценијата што ја оставивме ја имаше на власт ДУИ. И овој феномен во себеси. Секогаш под „сенка“ на првата македонска партија, се спорни однесувањата на партијата, кога ја подржуваше популистичката политика на Груевски и до поддршката потоа на промената на името со СДСМ. Без да се дискутира, со тежината на присуството и одлуките, се уште нема ладна анализа, клиничка, за превземените политики и политичките однесувања, кои сакаме или не сакаме, не воведоа во новата деценија. Меѓутоа, јасно е дека тежината на долгогодишното присуство на власт предизвика големо засилување на опозицијата. Токму на почетокот на новата деценија, ќе се гледа дали ќе има и нова владејачка партија за Албанците на изборите најавени во Април 2020 година.

Меѓутоа, кој ќе владее, новата деценија ќе ја започнеме со нова реалност. ЕУ нема да биде таа што беше и проширувањето веќе нема да биде и единствениот морков за примамување на гласачите. Промените во ЕУ и дебатите за разгледување на начинот на зачленувањето, ќе донесуваат промена на реалноста, но и на политичкиот дискурс. Дека што значи тоа за следните десет години ќе видиме, но „блокирањето“ на интеграциите, како што беа познати, може да донесе нови политички движења. Исто така, и на глобално рамниште, но и кај нас, пред десет години, еколошките прашања и на животната средина не беа на чело на листата. Човек на годината на списанието „Тајм“ за 2019 година беше Грета Тунберг, нова активистка за животна средина. Тоа е само предупредување на нов судир или нова дебата, меѓу тие кои веруваат или не во глобалното затоплување, или меѓу тие кои сакаат или не да ја штитат животната средина. Но, тоа ќе подразбира и драстична промена на начинот на размислување и на живеењето. Сите ќе се соочат со оваа реалност, дух што доаѓа и до нас. Тоа беше во текот на деценијата што ја оставивме зад нас, нај граѓански протест досега организиран од Албанците, прва без етнички мотив, тој против загадениот воздух во Тетово. Оваа тема, несомнено ќе го донесува својот ефект и во политика. Политиките за животна средина или ќе се прифатат од партиите или ќе се раѓаат тие на„зелените“ што и припаѓаат на левата провиниенција и, како последица ќе поттикнува други ефекти.

Всушност, тоа е само пишување и на еден скромен обид, за да се видиме дека што живеевме и што ќе живееме врз основа на тоа што сме го „засадиле“ во изминатите десет години. Ако тенденцијата е етничките прашања да се ублажат, ќе се појават тие на способноста. Побарувачката веќе е,не само Албанци на функции, туку и способни. Политиката ќе го рефлектира и тоа и ќе направи други иновации за доминација. За прв пат ќе се прават обиди да се игра со етничката емоција, но вклучувањето на Албанците во СДСМ, како тенденција на последниве години, покажува дека се забледува етничкиот момент. Секако, од СДСМ, во главно македонска партија, ќе зависи како ќе се одвива овој дух во новата деценија. Ако се беше само за една употреба, враќањето во етничките кампуси ќе биде неизбежен.
Меѓутоа, секако дека животот не е само политика. Не знам колку има статистики, дали луѓето се занимаваат со спорт сега, отколку во 2010 година, но едно е вистина, атлетичарката број еден во Македонија е Албанка, Дрита Ислами. Рекордерка неколку години. Македонската фудбалска репрезентација има истакнато присуство на Албанци и полни медали од Албанците во другите спортови.

Тоа предупредува дека општеството ќе рефлектира поинаку и несомнено ќе донесува нови текови. Како што се и во другите области. Во култура, „Хониленд“ (Земја на медот), отвори нова страница во филмско творештво. Филмот што ја раскажува приказната за Атиџе, која чува диви пчели, каде се зборува турски, во режија на Тамара Котевска и Љубо Стефанов, но камерите на Самир Љума и Фејми Даут, не само што ќе донесат нов пат за уметноста, што ќе значи дека само искрените соработки врз уметнички вредности, можат да донесат успех, веројатно тие ќе и го донесат првиот Оскар за Македонија. Поради овој филм, со или без Оскар, културната деценија ќе започне со нов стандард. За темите што ќе се рефлектираат во уметноста, како тој на овој филм, каде суштината е балансот на луѓето и на средината, ќе бидат и нови прашања на општеството, но и нови реалности. Јасно е, засновано врз деценијата, но и крајот на годината, дека Новата година и новата деценија, главен збор ќе ја имаат, борбата против корупцијата и злоупотребите. Рефлексија на тоа е можеби и Виѓиленца Абази, талентиран правник од Скопје, која глобално доминира на оваа дебата. Една од авторите на Директивата за свиркачите на ЕУ, луѓето во институциите кои свиркаат, кога се случуваат прекршувања и авторка на текстови што се објавуваат од значајни универзитети или издавачки куќи, како што е Оксфордскиот прес универзитет, таа со нејзината страст, на еден посветен и надарен млад човек, покажува дека што ќе има интерес во наредните години. Заедно со уметниците на филмот „Хониленд“, што е најнаградуван филм во историјата на Северна Македонија, кој ги стави во фокус прашањата на животна средина, се рефлектирање дека кои проблеми ќе доминираат во новата деценија.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)