Оправдувањата без покритие

17

Кај нас недостатокот на резултатите, ги одвиткуваме со секакви оправдувања, онака како што е случајот со премиерот на земјата. Но, опозициската логика и колективните социјални фрустрации на масите имаат уште еден друг психолошки оддел каде што се разработуваат агендите за агитација и мобилизација за нови политички битки.

 Од Емин АЗЕМИ

Политичката класа во Македонија, особено владејачката, не треба да се чувствува премногу отпуштена од сатисфакцијата на причините што доведоа до одбивањето на датумот за преговори со ЕУ. Сите сериозни политички фактори во Брисел, но и во Вашингтон, ја следеа со жалење ова одбивање, но од друга страна, постои и друга вистина која е маскирана и која не погодува многу за странското мислење и дипломатските кругови. Таа вистина директно е поврзана со управувачките капацитети, со ветените реформи и низа други мерки што беа „ коњи за битки“ на предизборната кампања на Заев пред да дојде на власт.

За една сериозна политика, резултатите се доволни  да се реални показатели дали ги постигнал или не целите. Лошото е што во недостаток на резултати го свиткуваме со секакви оправдувања, како што се случува со премиерот на земјата. Тој веќе го подготвил одговорот на нападите на сите оние кои бараат резултати во економија, во земјоделство, здравство, во намалување на невработеноста, во подигнување на стандардот на работниците, во спречување на емиграцијата во странство, во социјална грижа за старите лица и др. Нашиот премиер, свесен за овие празнини во работата како шеф на владата, го има оправдувањето во врвот на јазикот, додека одговорот што дојде од Брисел за не одредување на датум за почеток на преговори со ЕУ, се чини дека ја потврдува неговата оправданост.

Оваа состојба може да му се опишува како среќа на премиерот Заев, но опозициската логика и колективната социјална фрустрација на масите имаат уште еден друг психолошки оддел каде се разработуваат агендите за напади и мобилизација за нови политички битки. Така тој се најде меѓу внатрешниот притисок и потребната несоодветност на дел од европската политика кон Скопје, особено на француската, Зоран Заев има два начина: или да се направи поширока предизборна коалиција, или да прифати пораз како единствен играч , наспрам ВМРО.

Оправдувањата во иднина ќе бидат неефикасни, ако политичарите сериозно не до сфатат дека евро-интегративниот пат е уште еден тест за постигнатите резултати на внатрешен план. Овој пат поминавме лесно. Европа имаше меѓусебни несогласувања и може да се каже дека Макрон индиректно им помогна на нашите политичари, уште еднаш да се погледнат во огледало без да ги критикуваат другите за домашните неуспеси.

Притисокот на јавното мислење и воопшто на општеството во иднина треба да се насочи во создавањето на критичко мислење што вели дека владејачките политики се тестираат претходно дома и потоа добиваат меѓународна потврда. Инаку, и нема смисла затоа што, на крајот на краиштата, политичарите доаѓаат на власт со гласовите што ги добиваат за ветувањата дадени за време на изборните кампањи. Не веруваме дека ќе има дополнителна причина да веруваме дека оправдувањата ќе бидат оние што еден политичар ќе го задржат на власт долго време, ако не подготви излезна стратегија, која ќе го мобилизира тој заспан дел од институциите, од каде се очекуваат повеќе резултати. (koha.mk)