Путин ја отвори душата: Го загубил братот за време на опсадата на Ленинград…

13

Претседателот на Русија откри дека доброволци од одредот за потрага помогнале да се најде местото на кое е закопан неговиот брат кој загинал за време на опсадата на Ленинград.

„Трагачите го пронајдоа мојот брат, за кого се откри дека бил закопан на Пискарјовки (денес меморијален центар, инаку масовна гробница за време на опсадата). Родителите не го знаеа тоа“, откри Путин.

Рускиот претседател откри дека неговите родители само биле известени дека нивниот син починал за време на опсадата и нагласи дека работата на одредот за потрага е добра и племенита работа.

За време на состанокот со членовите на Советот за човекови права, Путин беше запрашан и за пронаоѓањето на гробниците на жртвите од политичките репресии.

Првиот човек на Руската Федерација порача дека ќе ѝ наложи Државната дума на Русија да размисли за подобрување на законодавството во врска со местата на масовните гробници.

Покрај тоа, Путин ќе побара од градоначалникот на Москва да му помогне на Храмот на светите новомаченици на Русија во реновирањето на зградата на ФСБ каде е планирано отворање на музејот на жртвите загинати поради нивната религија.